Парализиран сараевскиот аеродром
Објавено во: Балкан 02 Јануари, 2013
Поради густата магла утрово во Сараево беше речиси целосна парализиран аеродромот. Откажани се претпладневните летови за Белград, Загреб, Анкара, Виена и Истанбул. Единствено утринскиот лет од Сараево за Бања Лука е реализиран без проблеми.
Зависно од развивањето на временската состојба ќе се одвиваат сите денечно летови. Инаку од Босанскохерцеговскиот авто-мото сојуз соопштија дека маглата ја намалила видливоста посебно во котлините и во близина на речните текови со што предизвикала големи проблеми во редовното одвивање на сообраќајот во земјата.