20 Април, 2024
0.0249

Папа од Пролеќе

Објавено во: Колумни 06 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Во кодот на секој скопјанец или на секој што сака да се нарекува така постојат две константи:од кое маало си и кој ти е прекарот. Се сеќавам не така одамна на средба со Бато од Пролеќе(успешен стопанственик и кандидат за Кум –Бадникар) се запознаваме и разменуваме броеви на телефони, а тој ни забележува-остај како се викаш,кажи ми под кој прекар да те запишам во мобилниов. Ништо чудно ќе рече некој,ама во овие времиња што ни значат прекарите, а уште повеќе кој од кое маало потекнува кога се помалку се среќаваме и комуницираме.....

Ја и Папа се знаеме многу одамна(не смеам ни да пресметам од кога).Тој од Пролеќе ја од Тафталиџе, учиме во Четврта скопска (во зградата на Браќа Рибар).Не припаѓаме на иста генерација,тој е трошка помлад но постои некаква хемија,па и судбинска поврзаност па и ден денес се среќаваме и комуницираме.Како и не би кога сега живееме во исто маало, маало Коменски или Румунски кули,а некои го лоцираат и како Бугарска гимназија-како кој. Исклучително позитивна личност полна со знаење од сите области и со позитивни сеќавања од нашето минато, па и сегашност, на една закажана средба Папа ми ги скорна спомените на населбата Пролет од времето на моите секојдневни престои таму(половина клас живееше или гравитираше кон оваа култна скопска населба).

Едвај се потсетив дека всушност Папа е Ристо Цицонков (тој и самиот и не знае зошто го нарекле така) одличен ученик,математичар боли глава,машински инженер кој протрча низ факултет,успешен стопанственик,татко на два сина-близнаци со кои води успешна семејна фирма(соученици на мојата помала ќерка во Коменски),спортист(мал фудбал и баскет),а во воншколските активноси у маало играње карти (бељот и покерче со Тана и Борко)......ги знам многумина....поише бев у Пролеќе тие убави години отколку дома у бараката у Тафталиџе. Биљана на Армен Сурмејан на нашата прва заедничка средба(се дружиме одамна) ми вика –те знам Моки(еден од дузината мои прекари)ти живееш у Пролеќе....

Дознавам од Папа за неговото семејство за браќата и сестрата,за нивното штипско потекло,за занаетот на татко му, за чевларскиот дуќан у Чаршија,за занаетот на неговата мајка(машина за плетење) и за неговата активна улога во секојдневната борба за голо преживување-тешки времиња-а кога биле лесни. Ме фасцинира приказната на Папа за неговиот чичко од Организацијата(меѓу двете војни): добива задача да изврши атентат врз бугарски висок челник на власта кого тогашните власти го засолниле во Чехословачка. Младиот активист добива инструкции и револвер и заминува за Прага, каде што по месец два подготовки и секојдневни следења на бугарскиот крвник успешно ја завршува задачата се предава на властите.....знае дека ако не ја заврши задачата,според одредбите на Организацијата му следува егзекуција,бидува ослободен, но на повторното судење некаде во внатрешноста на Чехословачка бидува осуден,а набргу потоа семејството добива вест дека се обесил во затворот....никогаш докрај не го осветлиле Цицонкови ова кобожем самоубиство ниту го откриле местот на неговото последно почивалиште.Со Папа заклучивме дека улогата на Тодор Александров никогаш нема да биде осветлена со вистинската светлина,едно учевме по историја за него и неговите следбеници,а друго излегува на виделина со тек на времето.....вистината е само една и единствена,констатираме.

Не збориме многу  за здравјето во текот на дружбата во Четрнајска (култна кафана сместена сега во близина на старата локација каде што возачите на ГСП почиваа меѓу две тури возење на автобусот со број 14).....а што да кажат и со што да се пофалат од областа на медицинската состојба на своите тела двајца бодри стари врсници(старци приправници) кои се сеќаваат на разни заеднички моменти од минатото......ова е само стотинка од тоа што го имаат заеднички и поединечно доживеано!


Мојсо Мојсовски

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок