Пандемијата придонесе за скок на цената на златото
Објавено во: Економија, Корона Вирус 20 Октомври, 2020
Поради пандемијата на коронавирусот, скокна цената на златото.
Цената се зголемува поради загриженоста за зголемениот број на лица заразени со коронавирус во светот. Ова го покажуваат податоците на берзата.
Декемвриските фјучерси за златото на берзата во Њујорк Комекс пораснаа 0,11% или 2,05 долари на 1.910,95 долари за унца.
Фјучерсите за сребро во декември скокнаа за 0,83% на 24,42 долари за унца.
Зголемените цени на благородните метали се поттикнати од загриженоста за глобалното економско закрепнување во бесната пандемија.
Несигурноста околу разговорите за пакетот на американската економија влијае и на трговијата.
Во август годинава имаше прогноза според кој ќе расте цената на златото и на среброто.