ПАНДЕМИЈАТА ПОМИНА: За неризичните групи нема опасност, постарите да се занимаваат со градинарство, сонцето го убива вирусот
Објавено во: Балкан 11 Мај, 2020
Пулмологот Бранимир Несторовиќ од соседна Србија смета дека нема потреба да
продолжи највисокото ниво на безбеднос од Ковид-19, а истовремено тврди дека
светот наскоро ќе ја добие и вакцината против овој вид на вирус. Смета дека
пандемијата е завршена за сите луѓе кои не се ризична група, што значи
првенствено хроничните болни, како и повозрасната популација.
-Најверојатно до крајот на месецов, повозрасните, како и ризичните групи мора да внимаваат и да досат заштитна маска. Ова важи пред се за затворени простори, а надвор сметам дека не е потребно, бидејќи УВ зраците го убиваат вирусот, изјави Несторовиќ за ТВ Панчево.
Српскиот пулмолог вели дека Ковид-19 во овој период е значително послаб, особено и поради светлината од сонцето, па тој советува луѓето што повеќе да се изложуваат на сончевите зраци, односно да се сончаат. Една од неговите препораки е повозрасните да се занимаваат со градинарство.