ПАНДЕМИЈАТА ГО ДОСТИГНА ПИКОТ: Стивнува и во Европа и во САД и Јужна Америка, уверува СЗО
Објавено во: Свет 11 Мај, 2021
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека
пандемијата е на својот врв, дека го
достигнала пикот и дека бројот на новозаразени и смртни случаи кај
пациенти со Ковид-19 се намалува во повеќето региони, вклучувајќи ги и најтешко
погодените во Европа и северна и јужна Америка.
„Но, ова е неприфатлив врв на пандемијата со 5,4 милиони новоинфицирани и речиси 90.000 смртни случаи на пациенти со Ковид-19 само во последната недела”, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Адана Гебрејесус.