20 Април, 2024
0.0323

Пахор: Словенија ја поддржува Северна Македонија за нејзин напредок и полноправно членство во ЕУ

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Словенија продолжува целосно да ја поддржува Северна Македонија за нејзин напредок и полноправно членство во ЕУ, изјави словенечкиот претседател Борут Пахор. 

Премиерот Зоран Заев денеска придружуван од заменик-претседателот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и претставници од повеќе министерства ја прими делегацијата на Република Словенија, предводена од претседателот на државата Борут Пахор. 

Во словенечката делегација беа и двајцата вицепремиери и министри, за економски развој и технологија Здравко Почивалшек и за одбрана Матеј Тонин.

Заев изразувајќи особено задоволство за посетата на високата делегација од Словенија, истакна дека средбата ги реафирмира одличните билатерални односи меѓу двете земји, нивното сојузништво во НАТО и поддршката која ја има Северна Македонија во процесот на пристапувањето на нашата држава во Европската Унија.

„Словенечкиот претседател Пахор сеќавајќи се на првите средби со Заев, на почетокот на неговиот прв мандат, изрази почит кон неговото ангажирање и апсолутен фокус на исполнување на визиите кои носат позитивни промени и просперитет за граѓаните на Северна Македонија.Тој ги поздрави остварените договори за добрососедство и пријателство со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција, истакнувајќи дека Република Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, нудејќи сесрдна помош за унапредување на соработката во сите области, почитувајќи ги принципите на заемно почитување. Премиерот Заев се заблагодари на словенечкиот претседател Пахор за традиционалната, искрена и посветена поддршка што ја дава Словенија на нашата држава во сите демократските процеси, испраќајќи порака дека регионалната соработка е исклучително важна и дека единствениот начин за просперитет на граѓаните е прашањата да се решаваат на начин кој сплотува, а не разединува“, информира Владата.

Двете делегации на Република Северна Македонија и Словенија се согласија и истакнаа дека продолжува поддршката во областа на економско - трговската соработка, туристичката размена, како и инфраструктурните вложувања.

Пахор престојува во дводневна посета на нашава земја. 

Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд