Паѓа цената на бензинот, а како ќе се продава дизелот по полноќ
Објавено во: Економија 10 Декември, 2019
Во следните седум дена возачите ќе полнат резервоари со бензин поевтин за 1,5 денар.
Ова станува јасно од одлуката на регулаторното тело согласно која ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 67, а додека ЕУРОСУПЕР БС-98 – 69 денари за литар.
Дизелот пак овој понеделник не трпи промени во цените, е се продава како и во претходните седум дена односно за 61,5 денари по литар.
50,5 денари за литар ќе се продава Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) .
Мазутот од полноќ ќе бележи скок на цената и ќе чини 34,478 денари.