ПАДНАЛА ФАСАДА, ИЗЛЕТАЛ ПОКРИВ ОД БАЗЕН: Бура ја зафати Црна Гора

Објавено во: Балкан 13 Јануари, 2025
Бура ја зафати Црна Гора. Силен ветер вчера и денеска дуваше во централните и крајбрежните делови на државата. Дрвја паднаа на коловозот, дел од фасада на зграда се урна на мостот во центарот на Подгорица, а покрив излета од базен во Котор.
Службата за заштита и спасување на Подгорица во изминатото деноноќие на терен имала 20-тина интервенции.
„Во текот на 24 часа на улица паднаа најмалку три дрвја, се беше отстрането со брза акција. Фасада падна во центарот на градот. За среќа насекаде е причинета само материјална штета и нема повредени поради силните ветрови и налети на ветер и можни ризични ситуации, апелираме граѓаните до среда да не излегуваат надвор, апелот особено важи за постарите лица“, вели за новинската агенција „РИНА“ Здравко Блечиќ, командир на Службата за заштита и спасување Подгорица.
На северот на Црна Гора вчера од снежните наноси беа извлечени 14 луѓе.
Можеби ќе ве интересира
ДЕСЕТ НАЈДОБРИ ДЕСТИНАЦИИ ЗА ПОСЕТА ВО 2025 ГОДИНА: Земји од регионот се на прво и петто место

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ И ОДРОНИ: Драматична е состојбата на Кефалонија

ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА СЕ ПОВРЕДЕНИ: Се урна дел од ѕид во училиште во Србија

ИНЦИДЕНТ ВО БУГАРСКОТО СОБРАНИЕ: Пратеник плукна свој колега

БОЈКОТ И ЗА ПЕКАРНИЦИТЕ, БУРЕКОТ Е „БЕЗОБРАЗНО“ СКАП: „Не можат да си го дозволат ниту студентите, ниту работниците“

БОСНА НЕ ПАМЕТИ ВАКВО ЗЛОСТОРСТВО, СОПРУГАТА ЈА ЗАДАВИЛ, СИНОТ ТИНЕЈЏЕР ГО ЗАДУШИЛ: Ова е човекот што го бара цела Босна

БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ КАДЕ МОЖЕТЕ САМИ ДА ШЕТАТЕ НОЌЕ: Хрватска е прва, а каде е Македонија на листата?

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО БЕЧЕЈ: Возач со автомобил се залетал во средношколци кои биле на блокада

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД ЗЕМЈОТЕРСОТ: Tраеше неколку секунди и ги исплаши Хрватите
