ПАДНА НАЈОРГАНИЗИРАНАТА МАФИЈА ВО ГРЦИЈА: Продавале бебиња и заработиле милиони евра
Објавено во: Балкан 26 Септември, 2019
Регрутирале сиромашни трудници во Бугарија и им плаќале до 5 000 евра за да ги продадат своите бебиња на грчки парови без деца...
Грчката полицијА разбила криминална група која продавала бебиња, наведувајќи дека е во прашање една од најорганизираните групи во Европа.
Таа криминална група наводно ја предводеле грчки адвокат и акушер а полицијата навела дека се уапсени 12 луѓе, а дека 66 се обвинети.
Шефот на одделението за злосторства во солунската полиција, Антонис Цицис, рекол дека се верува оти ова е една од „најголемите и најдобро организирани“ групи во Европа.
Според неговите зборови, полицијата им влегла во трага на најмалку 22 случаи на продажба на бебиња, 24 продажби на јајни ќелии и 10 случаи на плаќање на сурогат мајки помеѓу 2016 и 2019 година.
Цицис наведува дека оваа криминална група „заработила“ најмалку половина милион евра.