26 Април, 2024
0.0487

„Падна“ договор за повисоки плати на здравствените работници

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Ќе скокнат платите на здравствените работници.

„Падна“ договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, и тоа ќе стартува од февруари идната година.

Лекарите специјалисти ќе имаат за 25 проценти повисоки плати, а медицинските сестри за 10 проценти. 

Платата на лекар специјалист наставник или обичен специјалист во Клиничкиот центар на Хируршките клиники и на Интерните клиники ќе достигне, но на некои и ќе надмине и 100.000 денари. 

„Просекот на платата на лекар специјалист во општите болници ќе биде помеѓу 85 и 88.000 денари, заедно со дежурствата и во согласност со бројот на дежурствата може многу лесно да достигне и до 100.000 денари. Дозволете да кажам и дека нема да ги оставиме ниту заборавиме сите тие што досега не добија зголемување. Тука мислам на болничко-техничкиот персонал, кој исто така е во тимот, администрацијата што работи во здравството ќе биде предмет на дискусија во текот на следната година. Остануваме доследни на сите наши ветувања, веруваме дека со оваа мерка го враќаме достоинството на здравствените работници. Ќе продолжиме и понатаму да работиме не само во однос на зголемувањето на платите туку и подобрување на условите во кои работи здравствениот персонал затоа што само задоволни од системот и добро стимулирани финансиски здравствени работници, значи задоволни и добро третирани пациенти“ – вели министерот за здравство, Венко Филипче. 

Тој изрази благодарност до синдикатите за нивната контруктивност, но и до лекарите специјалисти, членови на синдикатот, меѓутоа и во сите јавни здравствени установи, кои се согласија да се намали процентот на нивното зголемување за да се зголеми процентот на зголемување на платите на медицинските сестри.

Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018 година наваму, основната плата на лекарот специјалист се зголемува за 40 отсто, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 отсто. 

Сите зголемени примања треба да се предвидени и во новиот буџет, за изборната 2020 година. Премиерот Зоран Заев потврди дека за него ќе се гласа утре на владина седница.

Претходно СОНК и МОН договорија повеќе пари за просветарите, кои од јануари ќе добиваат плата повисока за 10%.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија