Пад на притисокот во Северен тек: Истече гасовод во близина на дански остров
Објавено во: Економија 27 Септември, 2022
Притисокот во гасоводот Северен тек 2, кој не беше ни пуштен во употреба, во понеделникот од 105 падна на седум бари.
Гасоводот, кој е во сопственост на Гаспром и требаше да ги удвои испораките на гас од Русија, преку Балтичкото Море до северот на Германија, беше наполнет со гас и пред пуштање, кога германската страна одби да даде дозвола.
„Во моментов сме во контакт со властите. Причините и точните факти сѐ уште не се јасни“, соопшти Министерството за економија на Германија веднаш по веста за пад на притисокот.
Малку подоцна, Данска утврди дека има истекување на гас во близина на островот Борнхолм и го забрани минувањето на бродовите во рок од пет наутички милји (9,25 километри).