25 Април, 2024
0.0357

ПАЦИЕНТИТЕ НА 42 И 46 ГОДИНИ ШТО ПОЧИНАА ИМАЛЕ И ДРУГИ БОЛЕСТИ, за респираторите се покажало дека повеќе успех дава третманот со кислород

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Откако во изминатово деноноќие се случи да починат исто така двајца млади пациенти, на возраст од 42 и 46 години, Фактор се интересираше која е причината за тоа, односно дали овие болни имале и други коморбидитети, што било причина за тие да не можат да се изборат со компликациите од вирусот. Или, пак, дали евентуално тие биле предоцна дојдени на болничко лекување.
Од Министерството за здравство за Фактор велат дека пациентот што почина на 42 години е примен на 9 јули, во шок соба со ниска сатурација и бил поставен на спап маска. Имал пневмонија, а од коморбидитети хипертензија (висок крвен притисок) и хроничен гастрит. 
Пациентката, пак, на возраст од 46 години е хоспитализирана на 1 јули, што говори дека таа подолго време, односно десетина дена се борела со болеста во услови на болничко лекување. Инаку, како што велат од Здравство, оваа пациентка имала миома утери, метрорагија и анемија.
Фактор се интересираше и дали почна истражувањето зошто младата 24 годишна девојка од Тетово почина од коронавирусот, односно дали имала коморбидитети и дали веќе има некои сознанија на тој план.
Од Инфективната клиника веќе е разговарано со МАНУ и академик Димовски кои се целосно на располагање да се бара причината за ваков развој на болеста и вака тешка клиничка слика кај починатата пациентка. Но, за било што да се почне, неопходно е семејството да даде согласност. Во текот на денот, директорката на Инфективната клиника, Др. Милена Стевановиќ ќе се обиде да стапи во контакт со семејството“, велат за Фактор од Министерството за здравство.
Исто така, со оглед на се помалиот број на пациенти кои се на респиратор во болниците каде што се хоспитализирани лицата со КОВИД-19, прашавме во министерството и дали тоа е нова практика за овие болни. 
Од Министерството за здравство велат дека пациентите се ставаат на инвазивна или неинвазивна терапија според индикација. Нагласуваат дека во третманот на пациентите со ковид-19 во целост се следат препораките на Светската здравствена организација и релевантните научни студии. 
А, за респираторите, од Здравство нагласуваат дека кај некои пациенти со најтешки манифестации на болеста, се покажало дека е подобро да се користат други модели со третман на кислород.
„Препораките за користење на респираторните машини се менуваат со образложение дека кај некои пациенти шансите за преиживување на најтешките манифестации на болеста се поголеми со користење на други модуси на третман со кислород, кислородна поддршка, неинвазивна вентилација“, нагласуваат за Фактор од Министерството за здравство.
Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки