Оваа земја две недели нема да прима странци поради новиот сој омикрон
Објавено во: Свет, Корона Вирус 29 Ноември, 2021
Две седмици Израел нема да прима странци.
Израел ќе забрани влез за сите странци поради ширењето на новата варијанта на коронавирусот – омикрон, за првпат откриена во Јужноафриканската Република. Мерката ќе трае 14 дена, а ќе стапи во сила на полноќ, 29 ноември. Во земјата веќе е евидентиран еден случај од овој сој. Премиерот Нафтали Бенет денеска рече дека забраната е „тежок чекор, но привремен и неопходен“. Властите ќе почнат да ги следат луѓето заразени со новата варијанта преку технологија за следење телефон што се користи вообичаено за борба против тероризмот. САД очекуваат да добијат информации во рок од 2-3 недели за тоа колку се ефикасни достапните вакцини против новиот сој на коронавирус – омикрон.