19 Април, 2024
0.0263

Оваа година официјалниот избор на Мажи на годината се одржува и во Косово

Објавено во: Стил 12 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации оваа година го носат изборот на Мажи на годината во Косово. Во ноември 2021 за прв пат ќе се бираат најуспешните мажи во Косово.

По успехот кој го доживеа овој настан во Македонија, и успешните настани кои се одржуваат 4-та година по ред, приказната се шири и во регионот.

Организаторите на официјалниот избор на Мажи на годината кај нас, велат дека природно интересот е се поголем и прашање на време било кога ќе се почне со организација на настани во регионот, затоа што секако овој настан се одржува во повеќе од 70 држави низ светот.

„Среќни сме што оваа година го носиме настанот во Косово и заедно со нашите партнери таму ќе го организираме првиот официјален избор на Мажи на годината. Приштина во ноември ќе биде престолнина на гламурот. Интересот за настанот во нашата држава кој го креиравме изминатите 4 години покажа дека е време да го продолжиме успехот и во регионот. Како прва опција го одбравме Косово. Пред се поради нашите партнери агенцијата Think B, кои се вистински професионалци во она што го прават низ Кoсово веќе неколку години и се буквално вклучени во голем број на настани. Настанот во наредните години има за цел да се прошири и во останатите соседни земји.”- изјавија организаторите.

На официјалниот избор на Мажи на годината во Косово ќе се избираат најуспешните 13 мажи за оваа година и тоа Маж на годината, Маж со трајни вредности, Маж менаџер на годината, Маж странец на годината, Млад менаџер на годината, Менаџер на годината до 40 години, Маж со најголеми достигнувања во културата, Маж со најголеми достигнувања во спортот, Маж со најголеми достигнувања за општеството, Маж со стил, Хедонист на годината, Маж на годината во избор на организаторите и Маж на годината во избор на социјалните медиуми. 

Настанот е поддржан од РТВ21 и од голем број на медиуми како што се Телеграфи, Инсајдери, и ред други. Изборот на МАЖИ НА ГОДИНАТА има за цел да не мотивира меѓусебно во правец на поместување на сопствените граници, да се поттикнеме на донесување позитивни одлуки кои влијаат на квалитетот на нашиот живот и работа, притоа создавајќи еден имиџ во бизнис задницата. Официјалниот избор на Мажи на годината ќе се одржи во ноември, месец за поддршка на машкото здравје.



Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре