ОВА ЌЕ СЕ ИСПЛАТИ: Бил Гејтс советува какво образование ќе биде најбарано во иднина
Објавено во: Финансии 01 Мај, 2019
Милијардерот и основач на Мајкрософт Бил Гејтс тврди дека во иднина најмногу ќе се бараат луѓе во областа на науката, инженерството и економијата.
„Работниците кои поседуваат знаење од овие области ќе бидат носители на промените за сите институции“, вели Гејтс.
Ова го тврди врз основа на податоците кои тој ги прибирал.
„Притоа не мислам врз основа на познавање на науката, математиката и економијата. Многу кариери во иднината ќе бидат многу барани. Не е нужно да знаете да пишувате кодови, но мора да разберете што работат инженерите и шето се можат и не можат“, објаснил Гејтс.
Тој вели дека луѓето со овие вештини, најверојатно, ќе донесат револуција во секоја област на работење.