ОВА ГИ ЗАГРИЖУВА ГЕРМАНЦИТЕ: Илјадници работни места под знак прашалник
Објавено во: Економија 13 Јануари, 2020
Илјадници работни места во Германија се под знак прашалник, поради преминот на електрични возила.
За 10 години Германија би можела да загуби околу 410.000 работни места.
Само во производството на мотори и менувачи загрозени се околу 88.000 работни места.
Веста ја објави германскиот дневник „Ханделсблат“, повикувајќи се на изјава од советник во германската влада.
Претходните години автомобилската индустрија имала добри резултати.