Ова е првата хрватска ИТ фирма која достигна вредност од милијарди долари
Објавено во: Балкан 03 Август, 2020
Откако инвеститорите го препознаат потенцијалот на Infobip хрватска ИТ фирма, тие вложија 200 милиони долари во неа, за да може да се шири на пазарот во САД.
Така оваа мала фирма достигна вредност од милијарди долари, пренесува ХРТ.
За само десет години се прва хрватска фирма која влегла во светската елита.
Професорот по дигитална технологија Славко Крајчар вели дека мораат да имаат добра идеја и да не размислуваат локално, туку глобално.
Оваа хрватска фирма во идните три години планира да вработи 3.000 луѓе глобално.
Тие работат во Хрватска, соработуваат со факултетите со цел да им помогнат на младите да се вклучат во дигиталната економија.