Ова е политичарот кого не може да го прислушуваат
Објавено во: Свет 28 Септември, 2019
Иако две децении е во државниот врв, рускиот претседател Владимир Путин никогаш не бил прислушуван, никој не ги хакирал неговите податоци и никогаш не бил „жртва“ на шеги од разни актери, комичари, кои лажно телефонски се претставуваат, тврдат руски медиуми.
Пишуваат дека такви пропусти на руските тајни служби никогаш нема да им се случат, а веројатноста за такво нешто била сведена на нула, затоа што за таквите комуникации федералните безбедносни служби користеле воени сателити.
Путин користел мобилен телефон што е само малку подебел од обичните. За претседателските разговори биле предвидени неколку нивоа на заштита. На негов разговор со странски колега задолжително присуствувал и преведувач, дури и ако двајцата соговорници одлично познаваат еден ист јазик.
Американскиот претседател Доналд Трамп има сериозни проблеми поради објавувањето снимки и транскрипти од неговата комуникација со украинскиот претседател Владимир Зеленски.