24 Април, 2024
0.0310

ОВА Е ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА КОРОНАТА: Наскоро ќе ги симнеме маските, ќе ги откажеме тестирањата и ќе нема мерки-што открива најновата анализа

Објавено во: Свет 15 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Болеста влегува во ендемска фаза, вакцинацијата во иднина ќе биде неопходна само за најзагрозените, а паралелната појава на грип и ковид не мора да значи катастрофа.

Кој не го постави прашањето „Дали пандемијата конечно заврши?“ во изминатите две години или „Кога конечно ќе можеме да продолжиме со нормален живот?" Одговорот на тие прашања - дава анализата на Џејмс Галагер, новинар на БиБиСи кој се занимава со здравје и наука.

Ова може да се случи многу брзо. Се повеќе се верува дека Велика Британија се движи кон самиот крај на пандемијата. Но, што е следно? Вирусот нема магично да исчезне. Наместо тоа, ќе треба да се навикнеме на новиот збор - „ендемичен“, што всушност значи дека Ковид дефинитивно останува со нас.

Нова ера?

Дали сме навистина на прагот на нова ера на ковид и што ќе значи тоа за нашите животи?

„Малку ни недостига, ова е сега почеток на крајот, барем во Обединетото Кралство“, рече професорот Џулијан Хискокс, раководител на Одделот за заразни болести и глобално здравје на Универзитетот во Ливерпул.

„Мислам дека нашите животи ќе се вратат речиси целосно на она што беа пред пандемијата во 2022 година“.

Она што се менува е нашиот имунитет. Новиот корона вирус се појави пред две години во кинескиот град Вухан, а ние тогаш бевме ранливи. Тоа беше сосема нов вирус со кој нашиот имунолошки систем немаше контакт и немавме вакцини или лекови кои ќе помогнат во борбата против него.

Резултатот беше како некој да активирал фрлач на пламен во фабрика за огномет. Ковид експлозивно се рашири низ светот, но пожарот што тој го предизвика не може вечно да гори со ист интензитет.

Од почетокот имаше две опции - или ќе го задушиме ковидот, како што беше случајот со еболата во Западна Африка, или вирусот сам ќе се смири, но и ќе остане со нас долго време и ќе се придружи на цела низа ендемични инфекции - од настинка до ХИВ, сипаници и маларија до туберкулоза - кои се секогаш присутни.

Неизбежна опција

За многумина, оваа втора опција - со оглед на тоа дека се работи за вирус кој се шири низ воздухот, дури и пред да се појават симптомите кај заразените луѓе - беше неизбежна од самиот почеток.

„Ендемичноста е впишана и во овој вирус“, рече д-р Елисабета Гропели, виролог од Универзитетот Сент Џорџ во Лондон.

„Јас сум голем оптимист, наскоро ќе дојдеме во ситуација вирусот да циркулира, ќе се грижиме за заштита на најзагрозените, додека за сите други што ќе се заразат ќе го прифатиме тоа, бидејќи просечниот човек ќе закрепне“ вели д-р Гропели.

Епидемиолозите, кои го проучуваат ширењето на болеста, обично сметаат дека инфекцијата е ендемична кога нејзиното ширење е доследно и предвидливо, кога нема ненадејни експлозии на „случаи“ какви што видовме во различни бранови на оваа пандемија.

Професорката Азра Гани, епидемиолог на Империјалниот колеџ во Лондон, вели дека терминот „ендемичен“ значи живеење со ковид, но без ограничувања. Таа мисли дека ќе стигнеме таму „многу наскоро“. „Се чини дека помина многу време до оваа фаза, но помина само една година од почетокот на вакцинацијата и веќе сме послободни од порано поради тоа“, рече Гани.

Единствено што може да го наруши ваквиот развој на ситуацијата е појавата на нова варијанта на коронавирусот која би можела да ја преземе доминацијата на омикронот и со тоа да предизвика значително потешка клиничка слика.


Можеби ќе ве интересира

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина