04 Јули, 2020
0.0267

ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ОТПИС НА КАМАТИ - Кој ќе ги штити правата на најранливите

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2020

Нови критики за предлог законот за отпис на каматите и репрограмирањето на долговите на граѓаните кои заглавиле по судови и извршители, кој власта го турка по скратена постапка и сака да биде донесен пред распуштањето на парламентот. 

Овој закон утре ќе се најде пред Собраниската комисија за финансирање и буџет, и се очекува да биде донесен до 12 февруари во законодавниот дом. 

Институтот за истражување и анализа на политики, Ромалитико, смета дека овој закон е недоречен, влегува во потенцијална колизија со законот за извршување, и содржи нејаснотии кои ќе внесат конфузија кај граѓаните. 

Во членот 3 од предлог-законот се наведени стари судски извршни предмети издадени од страна на надлежни судови. Доколку датумот се однесува на самиот трансфер на предмети, во тој случај се појавува опасност од вклучување во пресметката на долгови и на можни постоечки долгови постари од 2011 година. Ваквата формулација, иако на институтот застареност не се внимава по службена должност, може да биде искористена за вклучување во пресметката и на долгови од извршни предмети постари од 10 години без да се земе во предвид апсолутната застареност на самата извршна исправа“, велат од Ромалитико.

Тие тврдат дека овој предлог-закон наведува само отпис на каматите, но не и на другите трошоци, кои исто допринесуваат за зголемување на долгот на должникот.

Наведуваат и дека предлог законот не дава можност за вистинско прилагодување на примањата на должникот со висината на долгот и ратите за негово плаќање, па така воедно може и да не се во согласност со новите измени на Законот за извршување.

„Со овој предлог закон ќе се предизвика правна несигурност кај граѓаните, и тоа кај најранливите категории бидејќи претпоставката е дека овие лица се со најголем број на извршни предмети. Покрај правната несигурност, во ваквите ситуации ќе си појават и случаеви кога ќе треба нивната егзистенцијална состојба да биде заштитена, особено доколку ратата за плаќање на долгот е висока“, велат од Ромалитико.

Според нив, во ваква ситуација се зголемува и можноста доверителите, покрај долговите од извршните предмети, да ги наведуваат и оние долгови кои не се извршни и да бараат од должниците да потпишуваат договори за плаќање на стари сметки за кои не постои повеќе законска обврска за плаќање. 

„Тука станува збор и за лица – должници кои најчесто немаат правно познавање и немаат финансиски средства за покривање на правните трошоци, како адвокат. Поврзано со темата потпишување на договори за долгови е и заштитата на примателите на минимална загарантирана социјална помош чии примања со изземени од извршување, но не и од потпишување на договори за исплата на долгови (често застарени долгови)“, нагласуваат од оваа организација.

Тврдат дека отпишувањето на каматите е недоволно решение за решавање на правниот лавиринт на најзагрозените граѓани кои се соочуваат со проблемот на долгови. 

„Потребно е да се донесе закон за отпишување на долговите на граѓаните, како и на примателите на минимална загарантирана социјална помош, така и на оние граѓани чија плата не ја надминува просечната плата. Граѓаните не се виновни за правниот вакуум кој бил креиран со трансферот на предметите од судовите до нотарите и извршителите. Крајно време е исто така да се провери валидноста на договорите кои граѓаните (сите граѓани, како и примателите на минимална загарантирана социјална помош) ги потпишуваат за исплата на стари сметки. Потребно е институциите да го испитаат ваквото потпишување на договори и да не дозволат граѓаните да бидат оптоварени со незаконски и неморални трошоци кои директно влијаат на нивниот квалитет на живот. Законски треба да се забрани потпишувањето на договори за исплата на долгови од страна на приматели на минимална гарантирана социјална помош. Воедно, треба да се креира соодветен систем за присилно извршување, бидејќи постоечкиот често предизвикува страв кај граѓаните, особено кај оние кои прв пат се вработуваат, и тоа поради намалување на платата без притоа да се даде период тоа лице / семејство да ги стабилизира своите приходи“, нагласуваат од Ромалитико.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО: Мила Царовска се бакнува со Кан

ФОТО: Мила Царовска се бакнува со Кан

Бишевац позитивен на коронавирусот

Бишевац позитивен на коронавирусот

Се бориме сега, а се плашиме за есента: Ќе издржи ли здравствениот систем

Се бориме сега, а се плашиме за есента: Ќе издржи ли здравствениот систем

Пукаат бомби од ривалите: Нова аудио снимка за Заеви

Пукаат бомби од ривалите: Нова аудио снимка за Заеви

СУДИЈКАТА КАЦАРСКА РЕАГИРА НА СПОТ НА ВМРО-ДПМНЕ: Отидоа предалеку, ова е злоупотреба на мојот лик

СУДИЈКАТА КАЦАРСКА РЕАГИРА НА СПОТ НА ВМРО-ДПМНЕ: Отидоа предалеку, ова е злоупотреба на мојот лик

И денеска бомби: Јанушев со закани

И денеска бомби: Јанушев со закани

Маж се удави во Охридско езеро: Пијан влегол во водата

Маж се удави во Охридско езеро: Пијан влегол во водата

Русковска со опомена пред тужба до ВМРО-ДПМНЕ за спотот со Црвенкапа

Русковска со опомена пред тужба до ВМРО-ДПМНЕ за спотот со Црвенкапа

Полицијата регистрирала 478 лица без маска

Полицијата регистрирала 478 лица без маска