Отворена сезоната „дишење на шкрги“: Загадениот воздух му се врати на Скопје
Објавено во: Македонија 03 Декември, 2019
Метрополата утринава се гуши. Скопје почна да дише на шкрги и полека се враќа на листата најзагадени градови во светот.
Ректорат, Карпош, Гази Баба, ова вторничко утро ја надминаа дозволената граница на ПМ10 честици.
Нивото го надминува просекот и во Ѓорче Петров, Тетово но загадена е и Струмица.
Препораки од надлежните засега не се издадени а вие ако излегувате од дома заштитете се со маски.