28 Март, 2024
0.0290

Отворен повик за студирање на постдипломските студии на Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана, во Скопје

Објавено во: Мои пари 12 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Пред еден месец Државниот Економски факултет – Љубљана при Универзитетот на Словенија, преку својот Регионален центар во Скопје, го отвори уписот на постдипломски студии на Меѓународната бизнис академија (IBA– International Business Academy, Master programme). Аплицирањето е отворено до 15 февруари 2018 година.

Програмата, која што веќе 10 години се изведува и во регионалниот центар во Скопје, го дава сето академско и практично знаење што е потребно за подобрување на бизнис кариерата затоа што студиумот е целосно во изведба на Економскиот факултет – Љубљана, еден од најдобрите во Европа и светот. Тој е првиот и моментално единствениот факултет во Југоисточна Европа со највисоките меѓународни акредитации EQUIS, AASCB и AMBA.

На мастер програмата може да аплицираат економисти и неекономисти  (менаџери, претприемачи, амбициозни експерти за технологија, дипломирани студенти и секој кој сака да се стекне со аналитички и лидерски знаења и вештини со цел да идентификува и реши комплексни бизнис проблеми). Оваа меѓународна постдипломска програма ја имаат завршено бројни професионалци од познати компании како Македонски Телеком, Алкалоид, Belupo - Македонија, Стопанска банка, Комерцијална банка, RHAU Maкедонија, НБРМ, ЕВН Македонија, OSCE, USAID, Американската стопанска комора во Косово, Прокредит банка – Косово и други овозможувајќи им напредок во кариерата и напредок на нивните компании.

Меѓународната мастер програма нуди одлични можности за контакти и вмрежување со голем број професионалци од бизнис средината како дел од Алумни клубот со повеќе од 10.000 членови и интернационалната бизнис асоцијација – “Beta Gamma Sigma”.

Заинтересираните кандидати за детални информации може да се обратат до Регионалниот центар на Економски факултет - Љубљана во Скопје (cisef@skopjefair.com.mk; 070 338 570) или да го посетат следниов линк: http://bit.ly/2CWFD2e


Можеби ќе ве интересира

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери