Добивај вести на Viber
Градбата на фабриката Кромберг и Шуберт се одвива согласно предвидените рокови и се очекува да биде завршена до ноември оваа година, изјави денеска за медиумите Веле Самак, Министер задолжен за привлекување странски инвестиции, за време на својата посета во слободната економска зона Жабени во Битола.
Министерот исто така посочи дека компанијата веќе има објавено огласи за вработување на директни оператори и ги охрабри сите заинтересирани кандидати, да ги следат огласите да се обратат до Агенцијата за вработување.
Според најавите, планот е до крајот на ноември да се реализираат и првите 100 вработувања за кои ќе има и посебен тренинг.