20 Април, 2024
0.0362

ОТПУШТЕНИ ОД РАБОТА ЗА ВРЕМЕ НА ПОРОДИЛНО: Мајките бараат да бидат опфатени со мерките за продолженото породилно отсуство

Објавено во: Македонија 31 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Дел од мајките кои добија отказни решенија за време на породилното отсуство, бараат да им продолжи исплатата, бидејќи во моментов, како што велат, ниту имаат работа, ниту имаат каде да се вработат, а се останати и без исплатата за породилното отсуство.

-По објавената информација дека мајките на кои им го прекинаа договорот од работа додека беа на породилно, а добија решение за продолжено породилно отсуство, им се прекинаи  исплатата на породилно и сега не можат да бидат опфатени со мерките за продолжено породилно, бараме и повторно реагираме дека не смееме да бидеме занемарени и незаштитени. Бараме и на нас да ни се продолжи со исплата на породилното отсуство, зошто не може да се одгледуваат деца со тој надоместок од 5000-6000 ден. Зошто да не можат да не плаќаат и нас. И нашите деца имаат право да растат здраво и безбедно како и сите други деца. Неможеме да се вработиме никаде, не оставија на милост и немилост без примања како знаеме да преживуваме, велат дел од мајките со решение за продолжено породилно на кои не им е продолжен договорот за работа.

Инаку, уште на 20.јуни, Владата на седница го прифати предлогот од Министерството за труд и социјална политика во однос на опфатот на мајките чиешто платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено или посвоено дете завршило по отпочнување на времените мерки, од 11 март годинава, а пред почнување на вонредната состојба на 17 март.

Со приложување на лична писмена изјава до работодавачите, покрај добиена потврда од матичен гинеколог, отсуството од работа за оваа категорија лица ќе се смета за оправдано и ќе се смета дека и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители