Откако се соочиле со тешка форма на ковид, многу луѓе имале проблем со паметењето
Објавено во: Свет, Корона Вирус 25 Октомври, 2021
Ако сте имале тешка форма на ковид, ќе имате проблеми со памeтењето.
Студијата објавена во САД покажува дека овие тешкотии се поприсутни кај поранешните пациенти кои биле хоспитализирани поради коронавирусот отколку кај оние кои имале поблага форма на болеста. Искористени се податоците од 740 пациенти регистрирани во американската болничка група „Маунт Синај“. Жените сочинуваат 63 отсто од учесниците во истражувањето. Со ова се соочи секое четврто лице вклучено во студијата. Прележаните имале и проблем со пронаоѓање на вистинскиот збор и побавна обработка на информациите. Претходно, многу истражувања покажаа дека по прележување на вирусот, луѓето уште долго имаат симптоми или пак се соочуваат со психички проблеми.