19 Јануари, 2020
0.0194

ОТКАКО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА НЕ ДОБИЈА ДАТУМ: Разочарување во две земји од регионот

Објавено во: Македонија, Балкан 19 Октомври, 2019

По одлуката на францускиот претседател, Емануел Макрон да стави вето на одлуката за почеток на преговори со Европската Унија за Македонија и Албанија, разочарување има  во Сараево и во Белград.

Со разочарување е примена одлуката од Самитот на европските лидери во Брисел да не се отпочнат преговрите за проширување со Северна Македонија и Албанија, во Босна и Херцеговина која тропа на истата порта и Србија која е веќе во преговарачки процес. Со писмо до лидерите на ЕУ се огласи претседателот на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ. Тој напиша дека блокирањето на пристапните преговори за Скопје и Тирана ќе испрати „погрешна порака“ до Сараево: „Работата и тешките одлуки што ќе ги донесеме, едноставно не го произведуваат очекуваниот резултат“. Според него оваа одлука ќе го зголеми и евроскептицизмот во регионот.

Учесниците на белградскиот Форум за безбедност (БСФ) предупредија дека новото одложување ќе биде лош сигнал за целиот регион Западен Балкан. 

Македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров вчера изјави дека ЕУ треба да биде јасна со нас, и дека тоа е најмалку што регионот заслужува. 

Вели дека ако не постои веќе консензус за европската иднина на Западниот Балкан, ако ветувањето од Солун во 2003 повеќе не важи, граѓаните заслужуваат да знаат.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА: Го почувствуваа и во Западна Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА: Го почувствуваа и во Западна Македонија

Кристијан Ниноски го фати крстот во Скопје

Кристијан Ниноски го фати крстот во Скопје

(ВИДЕО) Oва е куќата во која ќе живее Атиџе во Дорфулија

(ВИДЕО) Oва е куќата во која ќе живее Атиџе во Дорфулија

Oва се среќните фаќачи на светиот крст во градовите ширум Македонија

Oва се среќните фаќачи на светиот крст во градовите ширум Македонија

Младиот Христијан Врапчески го фати крстот во Кичево

Младиот Христијан Врапчески го фати крстот во Кичево

Петар Рупески го фати крстoт во Охрид

Петар Рупески го фати крстoт во Охрид

Шекеринска: Не го креваме телефонот на судии и на обвинители да им кажеме што да прават

Шекеринска: Не го креваме телефонот на судии и на обвинители да им кажеме што да прават

Загадениот воздух го скратува векот за 25 години?

Загадениот воздух го скратува векот за 25 години?

Спасовски: Со оптимизам и добра волја секој од нас да даде придонес за заедничка подобра иднина

Спасовски: Со оптимизам и добра волја секој од нас да даде придонес за заедничка подобра иднина