28 Март, 2024
0.0261

ОСТВАРЛИВО: Чебрен и Галиште стануваат атрактивни инвестиции!

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Најавата на вицепремиерот Владимир Пешевски дека Владата за дваесетина дена ќе распише нов, седми по ред, тендер за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, но со намалени димензии на браните од претходно проектираните, го врати оптимизмот кај стручњаците дека овој проект конечно може да стане реалност. Кои ќе бидат новите параметри ќе дефинираат министрите на некоја од следните седници и истите ќе бидат преточени во тендерската документација. Според актуелниот идеен проект, со кој досега се бараше стратешки партнер и кој датира од 80-тите години, најмоќна, но и најскапа треба да биде првата брана, Чебрен. Таа се предвидува да се изгради блиску до селото Манастир, 7 километри возводно од Расимбеговиот мост, каде просечната проточност на Црна Река е 26 метри кубни во секунда. Оваа акумулација, која треба да биде најголемата во Македонија, требаше да има брана висока 192,5 метри. На неа предвидено беше да се исталираат три агрегати со вкупна моќност од 333 мегавати, од кои годишно би се добивале по околу 800 гигаватчасови електрична енергија. Изградбата на ваквата брана би траела 6 години и би чинела 320 милиони евра. За да се намали оваа сума, без многу да се намалат перформансите на хидроелектрана, експертите веќе подолг период сугерираа проекцијата на оваа брана да се намали на 130 метри. Хидроелектраната Галиште треба да биде втората во низата. Се предвидува да се изгради на почетокот на постоечката акумулација Тиквеш, каде просечната проточност на Црна Река е 28,9 метри кубни во секунда. Браната досега се предвидуваше да биде висока 141,5 метар, а на неа да бидат инсталирани три агрегати со снага од 193 мегавати, кои би произведувале по околу 260 гигаватчасови струја. Изградбата би траела 7 години и би чинела 200 милиони евра. За оваа брана, експертите нудат алтернативно решение од 115 метри. Во овој случај во игра е и уште една, четврта хидроелектрана во каскадата. Се работи за „Скочивир“, која би била прва во низот и чија брана би била висока 40 метри. Според некои пресметки на експертите, со ваков пристап енергетскиот ефект би бил сличен, а инвестицијата би тежела од 350 до 400 милиони евра, наспроти околу 600 милиони евра колку што чини сегашниот концепт. Тоа автоматски проектот го прави поатрактивен за инвеститорите, бидејќи повратот на капиталот ќе им биде побрз. На последниот тендер, кој пропадна кон средината на септември, понуди доставија две компании, кинескиот конзорциум CWE&CTGPC, и грчката PPC, но и двете беа отфрлени како неприфатливи. Кинеската бидејќи содржеше барања кои не беа прифатливи за Владата, меѓу кои и гарантиран откуп на целокупната произведена електрична енергија по однапред договорена цена, ХЕЦ Тиквеш да биде вклучена во заедничката компанија со датумот на ефективност на Договорот за концесија, како и гарантирана стапка на поврат на инвестиција (IRR) од страна на Владата на Република Македонија, во случај на лоша хидрологија. Понудата на компанијата PPC од Грција, пак, беше во согласност со тендерските услови, меѓутоа понудениот процент на акции во износ од 28 отсто на АД ЕЛЕМ во заедничката компанија беше оценет како премногу низок, па и оваа понуда беше оценета како неприфатлива. М.Г.  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење