26 Април, 2024
0.0310

ОСТАНА ЛИ НЕДОПИРЛИВ КАКО ВО МИТОТ ЗА НЕГО - каде е екс шефот на тајната полиција обвинет за најголемата афера за масовно прислушување

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Ништо не навестуваше дека поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, нема да биде достапен за органите на прогонот, и дека за него ќе мора да биде распишана централна потерница.

Дали се даде во бегство моќниот и за многумина недопирлив екс директор на УБК, денеска ќе знаеме повеќе детали.

Социјалните мрежи вријат од незадоволни граѓани, кои се во шок дека би можела да се повтори епизодата со Никола Груевски, кој избега во Унгарија, каде што доби азил од тамошните власти.

Вчера попладнето Мијалков бил виден во локалот „Дистрикт“, кој е во рамки на хотелот Мериот, каде што, според ТВ 21, седел со Ивица Коневски, член на Иницијативниот одбор кој бара недоверба од Христијан Мицкоски на вонреден конгрес.

Од МВР нема официјална информација. Неофицијалната, синоќа, во доцните часови, беше дека судот на Мијалков му одредил мерка куќен притвор, по што тој е недостапен, а тие преземаат мерки и активности за негово пронаоѓање. 

„Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање“, изјавија за Фактор неофоцијални извори од МВР. 

Синоќа до доцните ноќни часови немаше никакви објави на оваа тема ниту од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ниту од премиерот Зоран Заев.

Припадници на полицијата од вчера попладнето го бараа на повеќе локации поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалов.Ова следува откако полицијата не успеала да го најде во неговиот дом на Водно, како и на други локации, за да му го врачи решението со кое мерките за препазливост во случајот Таргет-Тврдина, му се заменуваат со куќен притвор, до изрекувањето на првостепената пресуда. Според информциите, за Мијалков е распишана централна потерница.

Освен тоа што не успеале да го пронајдат во неговиот дом на Водно, полицијата не го нашла Сашо Мијалков ниту во хотелот Мериот. МВР го барале и на повеќе локации низ Скопје, каде што тој често престојува, како и во зграда во близина на домот за деца без родители во Скопје, каде што Мијалков има стан.

Инаку, пресудата за случајот Таргет Тврдина е закажана за 26 февруари, односно веќе за во петок оваа недела.

Како што е познато, при изрекувањето на завршните зборови за случајот Таргет-Тврдина обвинителката Ленче Ристовска рече дека главното прашање не е како се прислушувало, туку кој стои зад овој голем скандал. Според неа, Мијалков, од својата канцеларија директно можел да слуша разговори кои биле нелегално прислушувани. Постоеле кориснички имиња со кои можеле директно од канцелариите да слушаат разговори. Г.Г. било корисничко име за Горан Грујевски, Н.Н. за обвинетата началничка Надица Николиќ, а имало и корисничко име „директор“, а тогашен директор на управата бил Сашо Мијалков.

Како што е познато, ова масовно незаконско прислушување се вршело од 2008 до 2015 година, а беше откриено со бомбите кои ги објави СДСМ на Зоран Заев, тогаш во опозиција. Во овој најголем скандал во земјава биле прислушувани политичари, членови на нивните семејства, новинари, адвокати, обвинители...

Обвинителниот акт говори дека преку три системи за следење на комуникациите во УБК, биле незаконски следени 4.286 телефонски броеви, а прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Како што е познато, Мијалков, кој сведочеше минатиот месец, тврдеше дека не е вмешан во аферата со прислушувањето и уништувањето на опремата за следење на комуникациите. Според него, во земјата имало и други системи за прислушување, освен тие на УБК. 

Во Таргет-Тврдина се обвинети 12 лица, и покрај Мијалков, тоа се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и уште 10 други лица вработени во тајната полиција. Јавноста памети дека Горан Грујевски и Никола Бошкоски се недостапни за судот откако избегаа во Грција. 

На својот фејсбук профил, кој го отвори неодамна, Мијалков досега нема никаква објава. Последна е онаа од 24 септември каде се збогува со Амди Бајрам.

Според досието кое пред три години го објави Фактор, Мијалков е роден  во Скопје на 15 септември 1965 година. Дипломирал на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Економскиот факултет во 1998 година. Магистрирал во областа бизнис администрација. Дипломирал и магистрирал и на Економскиот факултет во Прага во 1994 година.

Во 1990 година станал член на ВМРО-ДПМНЕ.

Во периодот од 1998 до 2000 година, работел во Министерството за одбрана на местото помошник-министер за одбрана и безбедносно разузнување.

Во периодот 2000 до 2001 година, бил советник за безбедносни прашања во Владата на Република Македонија. Од 29 август 2006 година е назначен за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на таа функција бил до 12 мај 2015 кога си поднел оставка.

Сашо Мијалков е син на Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи на Македонија.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот