Османи за случајот Онишченко: Ова е дамка за нашата репутација
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2022
За шефот на дипломатијата, Бујар Османи скандалот со државјанството на украинскиот олигарх Олександр Онишченко е тежок удар и голема дамка.
Тој во интервјуто за ТВ „Телма”, изјави дека случајот со македонско државјанство на Украинецот Онишченко, кој е на црната листа на САД, не смее да се остави настрана.
„Ова е дамка за нашата репутација, која што ја изградивме тешко сиви овие години, посебно во поседните години“, рече Османи.
На судење во Србија, српски криминалец сведочел дека за македонски пасош се плаќало по 30.000 евра.