28 Март, 2024
0.0557

Османи конечно му одговори на Николовски за „тајниот план“ со Бушати

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции, конечно му одговори на Александар Николовски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, за „тајниот план“ со поранешниот минсистер за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, но во коментарот сепак не беше експлицитно истакнато дали навистина постои такво нешто.

Николовски уште од минатиот месец како гостин на Канал 5 тврди дека Османи и Бушати со планот 3-6-9 се договориле да се кочат реформите во Македонија и на тој начин да се прикријат неуспесите на Албанија на ова поле како две земји кои во заеднички пакет претендираат да добијат датум за преговори годинава од ЕУ. Функционерот на ВМРО-ДПМНЕ потоа истото го повтори на почетокот на месецов во ТВ21, а пред два дена и како гостин на Телма.

„Почитуван г-не Николовски. Веќе подолго време ваквите ставови создаваат раздор не само во нашето внатрешно ткиво – успешните мултиетнички односи, туку и во нашиот најсилен надворешен адут – успешните односи со соседите. 
Албанија е наш пријател, земја која несебично лобираше од внатре за нашата интеграција во НАТО, и земја која, исто како и ние, се надева на успех во европските интеграции. Не постои стабилен Балкан освен оној кој е целосно интегриран во Европската Унија и НАТО, но уште помалку, не постои стабилна земја било каде во светот, која не си ги почитува и не ги негува односите со своите соседи. 
Да ти одговарам на твоите дилеми: ниту ние можеме да влијаеме на процесот на европски интеграции на Албанија, ниту тие можат да го попречат нашиот напредок; единствено што можеме е да си помагаме едни на други, затоа што имаме заедничка цел – да го видиме Западниот Балкан интегриран во ЕУ, и што е уште поважно, на тој пат да останеме добри пријатели со искрена почит едни кон други“, гласи одговорот на Османи кој синоќа го објави на својот профил на Фејсбук.

Николовски претходно во емисијата „Топ Тема“ тврдеше дека имал информации за неформалната средба помеѓу Османи и Бушати.

„Бев информиран за неформалниот состанок на албанскиот екс-министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, и на актуелниот заменик министер за европски прашања, Бујар Османи, во кој беше брзо договорено Македонија и Албанија да се приклучат на истата група. За мене тоа беше најголемата грешка и сега ќе разјаснам зошто !? Логично беше кога проблемот на Македонија че биде решен, да оди со црногорската и српската група. За Албанија тоа беше многу проблематично, бидејќи Косово и Босна се уште се недефинирани држави. Косово не е ниту формално член на ОН. Македонската дипломатија ја направи најголемата стратешка грешка, бидејќи беше јасно дека Албанија нема да може да ги спроведе реформите. За да ја забавува Македонија, Бујар Османи подготви план 3-6-9 и реализираше 41% од планот што самите го создадоа ", рече Николовски.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?