Османи ја обвини Русија за злонамерно влијание на Западен Балкан

Објавено во: Балкан 01 Декември, 2022
Интересот на Русија е да го шири своето злонамерно влијание на Западен Балкан, вели косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу.
Таа изјави дека кога безбедносната архитектура во Европа и пошироко е под закана поради војната во Украина, геостратешки интерес на ЕУ и НАТО е Западен Балкан да биде дел од двата сојуза.
„Со векови беше во интерес на Русија да се осигура дека ќе успеат да го шират своето злонамерно влијание на Западен Балкан. За жал, користејќи една од земјите од нашиот регион како претставник, како врска“, рече Османи-Садриу.
Вели дека Русија не толку конкретно од Косово, туку преку него веруваат дека со напад на она што е постигнатото на Косово, со напад на стабилноста на Западен Балкан, тие ги напаѓаат вредностите и системите на кои се засноваат ЕУ и НАТО. Само Србија не воведе санкции за Русија откако почна војната во Украина.
Можеби ќе ве интересира
Кои се 100-те најмоќни луѓе во медиумите во Србија?

Пленковиќ: Милановиќ „не е ѕвезда само во руските туку и во српските медиуми“

„МИЛАНОВИЌ Е КАКО ОРБАН И ДОДИК“: Британски „Гардијан“ за хрватскиот претседател

БОРБЕНОТО ВОЗИЛО „МИЛОШ“ ГО ПРЕПОЛОВИ ЦИТРОЕНОТ КАЈ ПАНЧЕВО: Загина жената возач, ова се први слики од страшната несреќа
АКО БИДАТ „ФАТЕНИ“ СО АЛКОХОЛ ВО ЈАВНОСТ ИЛИ ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ- КАЗНА ОД 150 ЕВРА: Хрватска ригорозна и за гласна музика на терасите
НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Борбен авион се урна во Јонското Море

ВО СРБИЈА Е ПРИСУТЕН „ФЕРАРИ“ ВИРУСОТ: Лекарка открива кои се симптомите
