25 Април, 2024
0.0347

ОСМАНИ Е ОПТИМИСТ ЗА ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА - верувам во капацитетот на историчарите да најдат решение

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Јас не сум песимист за односите со Бугарија и се надевам дека историчарите како и досега ќе најдат заедничко решение, рече на денешната пресконференција министерот за надворешни работи Бујар Османи, на новинарското прашање каков е планот на земјава после Меморандумот на Софија и дали имаме конкретен план како ќе се приближат ставовите на двете земји во поглед на Гпоце Делчев, и како Бугарија да не ги блокира преговорите за членство на земјава во ЕУ

„Планот е точно предвиден и запишан во Договорот за добрососедство со Бугарија. Во тој Договор во челн 2 пишува дека Република Бугарија ќе ја поддржи евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија и ние ќе настојуваме да се почитува тој договор, и затоа инсистираме целата комуникација да се одвива во рамката која го предвидува Договорот, бидејќи тоа е заеднички интерс на двете држави“, рече Османи. 

Тој нагласи дека додека двете траектории беа испреплетени, ниту имаше резултат во надминување на разликите во интерпретирањето на историските фигури, ниту имаше напредок во политичката и економската комуникација меѓу двете земји. 

„Откако Договорот воспостави ред во таа комуникација и историските прашања ги одвои и ги даде на историчарите, имаме резултат кај двете траектории. Веќе има договорен текст за неколку историски фигури и неколку историски периоди, кои веќе се предлагаат како консензуален текст на двете Влади за да можат да ги усогласат текстовите на учебниците. Тоа е формулата на успех. Кога политичарите коментираат историски теми, и обратно, копга историчарите се обидуваат да решаваат политички проблеми - тие ги блокираат двете траектории. Затоа нема да коментирам што треба историчарите да заклучлат врз основа на историските и научни документи. Наше е да создадеме предуслови врз основа на Договорот комисиите да работат непречено, за да преку добра воља и работа на паритетна основа, да дојдат до решенија и до точки на спојување и точки на заедничко одбележување, бидеќи иднината е во заедничкото спојување“, нагласи министерот. 

Прашан што ако комисијата не постигне решение, Османи нагласи дека не би прејудицирал, би оставил можност комисиите да се сретнуваат, да најдат заеднички јазик и да ги усогласат разликите во толкувањата. 

„Јас затоа не сакам да бидам песимист. Како што досега успеаја да изнајдат заеднички текст кој е прифатлив за двете страни за многу важни историски личности, така мислам дека ќе најдат и заеднички текст и за толкување на разликите и за другите историски личности на таа листа. Така што, сум оптимист и верувам во стручниот и научниот капацитет на нашите историчари да најдат заеднички теклст во тој дел“, потенцира Османи.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг