ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ТЕРОРИСТИТЕ Е КРВОПРОЛЕВАЊЕ: Дел од Израелците се против примирјето со Хамас

Објавено во: Свет 16 Јануари, 2025
Протести има во Израел по склучување на примирјето со Хамас. Демонстрантите бараат војната да продолжи, и протестираа со симболот на крвава шака.
Голем протест се одржа синоќа, во близина на канцеларијата на Нетанјаху во Ерусалим, со порака дека договорот ја загрозува националната безбедност на Израел со ослободувањето на палестинските „терористи“ и дека многу заложници може да останат во Газа.
Демонстрантите носеа и транспарент со порака „Ослободувањето на терористите е крвопролевање“.
Израел сè уште нема да објави прекин на огнот во Газа поради условите што ги поставилa терористичката група Хамас.
Ова го соопшти портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и додаде дека кабинетот на Тел Авив нема да го одобри договорот што го постигнаа преговарачите во Доха. Портпаролот рече дека израелските претставници остануваат во Катар.
На 7 октомври 2023 година, палестинската терористичка група Хамас го нападна Израел, со барање за формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим, но и ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори.
Можеби ќе ве интересира
ХЕГСЕТ: Tрамп ќе одлучи дали Украина ќе добие нуклеарно оружје

ПИСТОРИУС: Грешка е да се остави Украина без преговори за членство во НАТО

ИМА САМО ЕДЕН УСЛОВ: Зеленски ќе прифати да се сретне со Путин

„НАМЕРНО ГИ ГАЗЕВ ЛУЃЕТО“ – АВГАНИСТАНЕЦОТ ВО МИНХЕН ПРИЗНА: Откако бил уапсен, извикал „Алаху Акбар“

Моди и Трамп најавија удвојување на трговската размена на 500 милијарди долари до 2030 година - Индија ќе купи повеќе нафта и гас

ЛЕКОТ ИБУПРОФЕН ИМА ПОЗИТИВНИ ЕФЕКТИ ВРЗ МОЗОКОТ: Најново истражување коие ги изненади и самите наулници
МОМЕНТОТ КОГА РУСКИ ДРОН ЕКСПЛОДИРАШЕ ВО ЧЕРНОБИЛ: Опасност од радијација од нуклеарката по скоро 40 години

ТРАМП НЕ СЕ ШЕГУВА: Почнаа да „летаат“ откази во различни владини агенции

ТРАМП ПОТПИША ЗА РЕЦИПРОЧНИ ЦАРИНИ: За Украина ќе има место на масата за преговори
