29 Март, 2024
0.0305

ОШТЕТЕНИ ШТЕДАЧИ ЕУРОСТАНДАРД: Зошто странците не дозволуваат властите да не обештетат нас, а дозволиле такво нешто во Словенија

Објавено во: Финансии 26 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Оштетените штедачи од Еуростандард банка повторно со обвинувања за Народната банка и за Владата, зошто не се дозволува нивно целосно обештетување со државни пари. 

Тие со ново соопштение до јавноста, каде што велет дека меѓународните институции кои на властите во земјава им укажуваат дека не треба да се побештетуваат приватни банки со цел да не се прави моралаен хазард, тоа не го забраниле во други држави. 

Овој пат, велат, објаснувањето е на малку поразличен начин од претходно.

„Како што наведовме во претходната епизода наречена ‚Криминал', после неисполнувањето на првичниот став на премиерот Зоран Заев за постоење на силна волја за решавање на проблемот на оштетените депоненти даден на почеток на септември, како и после вториот состанок со премиерот каде за прв пат во овој серијал се спомна изразот ‚морален хазард'. Овој пат ова е во контекст на тоа дека доколку би интервенирала Владата на било кој начин, меѓународните институции наводно изразиле мислење дека би постоел ‚морален хазард', со цел потоа останатите банки во системот се опуштат во својата кредитна политика и дека повторно би се случило пропаѓање на некоја банка во земјава.

Нормално, после таа изјава на премиерот се поставува прашањето зашто и воопшто постои Народна Банка и нејзината улога на контролор и регулатор на останатите банки во системот?

Второ прашање е дали постои ‚морален хазард' кај раководството на Народна Банка, сегашно а богами и претходно, и после неколку сезони од овој серијал наречен Пропаѓање на банки во Македонија. Зарем оваа високо поставена државна институција нема капацитет да учи од грешките во минатото или во овој случај на своите грешки и на тој начин да го подобри и зацврсти начинот на супервизија и контрола врз банките.

Трето прашање, коешто е многу важно, е дали кај Народна Банка постои веќе морален хазард за следната банка која неминовно ќе пропадне доколку не се превземаат мерки преку промени на правилата за игра и тоа веднаш СЕГА?

Ајде да се навратиме на моралниот хазард за којшто меѓународните финансиски институции наводно ја предупредиле Владата во случај да интервенира.

Дали истите тие меѓународни институции ја предупредиле Владата на Република Словенија во 2013 година за истиот тој морален хазард кога Владата односно Централната банка на Словенија интервенирала во стечајот на две банки „Фактор Банка“ и „Пробанка“ коишто биле во приватна сопственост, со цел да се заштити стабилноста на целиот банкарски систем на државата? Имено, во овие две банки  со интервенцијата на Централната Банка на Република Словенија штедните влогови биле покриени во целост односно не само до сумата од 100.000 евра до колку биле обезбедени депозитите со Фондот за осигурување на депозити на Словенија. За сето ова, Владата на Република Словенија добила и одобрување од Европската Комисија. Сумата која била покриена комбинирано за двете банки изнесува 1.030.000.000 евра (со зборови: Една Милијарда и 30 Милиони евра). Сумата од 36,2 милиони евра за целосно обештетување на физичките лица и фирми депоненти на Еуростандард Банка претставува само 3,5 отсто од сумата што Република Словенија ја потрошила за да го зачува својот банкарски систем стабилен а со тоа и своите граѓани. Повеќе детали за оваа интервенција на Централната Банка на Република Словенија можете да прочитатае на следниов линк на меѓународната новинска aгенција Reuters:https://mobile.reuters.com/article/amp/idUSBRE98510D20130906

Од примерот наведен погоре можеме да заклучиме дека доколку нашите Народна Банка и Влада сакале да ги заштитат штедачите кои се основа на секој банкарски систем тоа можеле да го направат многу полесно и поевтино од што тоа го направила Централната Банка на Република Словенија. 

Следствено, се поставува прашањето зошто тоа не е направено, кому му одговарало да Еуростандард Банка се затвори и со тоа и се загрозат депозитите а богами и целиот банкарски систем во нашата држава за којшто деновиве се почесто слушаме преку изјавите на тимот на Народна Банка дека истиот е стабилен, исто како што беше стабилен според јавната изјава на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска дадена во месец мај непосредно пред да се затвори банката.

Дали овие изјави на Народна Банка поучени од минатото треба да се разберат како предупредување дека следи нова сезона од серијалот “Пропаѓање на банки во Македонија”?“, прашуваат оштетените штедачи во својот долг допис до јавноста.

„Одговор на ова прашање со сигурност ќе добиеме со уште една изјава од тимот на Народна Банка за стабилноста на банкарскиот и финансиски систем во нашата држава. Сведоци сме дека тоа се повешто и почесто го прават, неретко користејќи помош од претходни гувернери и останати експерти кои токму овој начин на контрола и супервизија го имаат организирано и спроведено толку успешно да со тоа го имаат збогатено овој серијал со доволно сезони да секоја генерација граѓани на државава биде вклучена. Борбата продолжува за вистината и правдата!“, пишуваат оштетените штедачи од Еуростандард банка, чии влогови се над 30.000 евра. 

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка