20 Април, 2024
0.0273

ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ГАЛИЧКА СВАДБА ДО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ: Манифестацијата не е семеен настан

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Месната заедница Галичник денеска со реакција за годинешното одржување на манифестацијата „Галичка свадба“. Сметаат дека актуелниот став на Комисијата за заразни болести дека е сè уште рано за давање препорака за одржување на „Галичката свадба“ е проблематична од неколку аспекти.

-Пред сè, Галичка свадба не е масовен семеен настан, како што е споредена со „свадби и други масовни собирања туку културна манифестација од национален интерес, влезена како таква во програмата на Министерството за култура, редовно одржувана под покровителство на Претстедателот на државата и за која известуваат сите домашни и голем број релевантни странски медиуми. Како дел од светското културно наследство, оваа манифестација е од непроценливо значење за нашиот идентитет и култура. Истовремено, Комисијата за заразни болести покажува не фер однос кон организаторите кои доставија детален протокол заедно со барањето за мислење доставено до Комисијата, во кој беше предвидено дека манифестацијата ќе се одржи без публика, со директно емитување во живо, со сосем ограничен број учесници (вкупно 90 од кои само 35 директни учеснициво обичаите (чие учество ќе беше дозволено единствено со негативен Ковид тест и кои во ниту еден момент не се наоѓаат на исто место во исто време), а останатите се организатори, обезбедување и техничка поддршка, настанот ќе беше обезбеден од страна на професионална агенција за обезбедување, редари- волонтери и МВР, а Галичник ќе беше затворен за посетители. И покрај сите овие мерки, следејќи ги состојбите на дневна основа, Советот на МЗГ, крајно општествено одговорно, и сакајќи да придонесе кон јакнење на свеста кај населението, самостојно одлучи Галичката свадба да ја одложи. Потенцираме, оваа одлука МЗГ ја донесе самостојно, односно 2 дена пред да го добие негативното мислење од Комисијата за заразни болести, за што официјално ги извести медиумите, вели за Фактор Александар Костиќ од МЗГ. 

Понатаму, како што вели Костиќ, од Комисијата истакнуваат дека за нив датумот на одржување не е важен.

-Датумот и тоа како е важен! МЗГ се обрати до Комисијата со конкретно барање и предложен протокол за одржување на свадбата токму на Петровден. Сите веќе знаеме дека епидемиолошката сосотојба се менува секојдневно, а соодветно на тоа се менуваат и препораките и протоколите за однесување и за одржување на настани. Ние отсега не можеме да знаеме каква ќе биде состојбата и соодветно на тоа препораките за однесување на крајот на август. Во однос на одржувањето на Галичка свадба во август, МЗГ ќе одлучи еднакво одговорно како што одлучи и сега. Секако дека неодржувањето на свадбата не е "трагедија" како што вели претставникот од Комисијата. Но, како и се', и ова има и друга страна: одржувањето во адаптирана верзија ќе внесе позитивен дух, ќе укаже на можноста да продолжиме и со животот во адаптирана верзија, да продолжиме да живееме а сепак да бидеме безбедни. Е сега, имајќи го предвид сето горенаведено, како и негативното мислење на Комисијата во однос на одржувањето на оваа манифестација под толку строги протоколи, не може да не се прашаме, на што се должи од друга страна релаксирањето на мерките за работа на рестораните и плажите, прашуваат од МГЗ?! 

Во нивната реакција велат и дека Галичка свадба не е единствена манифестација чие одржување е одложено, а не целосно откажано.

-На пример: Струмичкиот карневал се одржа во скратено, прилагодено издание, театарскиот фестивал Војдан Чернодрински е неофицијално одложен за септември, Скопско лето се одржува под посебни протоколи, додека, од друга страна, одредени манифестации ќе се одржат, како на пример Охридско лето (каде ќе настапи Жељко Јоксимовиќ?!). Комисијата не е надлежна да одобри или неодобри одржување на одреден настан. Таа е професионално тело кое прави стручна анализа и ја следи епидемиолошката сосотојба, врз основа на што дава препораки и мислења до оние кои од нив тоа го побарале, истакнуваат од МГЗ. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите