Опозицијата бара помош од Орбан за да се тргне бугарската блокада
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2021
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара помош од унгарскиот премиер Виктор Орбан за да се тргне бугарската блокада за преговорите со ЕУ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија и претседател на партијата Фидес Виктор Орбан, а претходно беа на работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Мицкоски побарал од Унгарија поддршка за деблокирање на патот на Македонија кон ЕУ и севкупна поддршка во европските интеграциии, наведувајќи дека блокираните интеграции „се последица на последното вето на источниот сосед, кое што Македонија ја одалечува од стратешката цел членство во Европската Унија".
Од соседна Бугарија пак јасно ставија до знаење дека ништо нема да се промени по изборите кај нив во однос на Македонија, и велат дека дури може да биде и полошо.