ОПАСНОСТ: Светот ќе се соочи со нов бран на заразени
Објавено во: Свет, Корона Вирус 26 Мај, 2020
Moжно е светот да се соочи со нов бран на заразени од Ковид -19.
Светската здравствена организација предупредува од нив можен бран од епидемијата, но владите на европските земји се нетпеливи, пред почетокот на туристичката сезона за 2020 година ги отвораат границите.
Од 15 јуни Германија планира да ги укине предупредувањата за патувања во европските земји, воведени во средината на март.
Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја објави политиката што Берлин ќе ја реализира за време на претседателството со Европската Унија, што го презема на 1 јули.
Данска ја ублажува контролата со соседните нордиски земји.
Италијанската влада преговара со земјите на ЕУ за рестартирање на европскиот туризам на 15 јуни.
Во светот има 5.5 милиони заразени, а 350.000 веќе ја загубија битката. На европско тло прва по број на починати е Велика Британија со скоро 37.000, а потоа следуваат Италија И Шпанија.
Кинеската истражувачка, која ја именуваат како „жена лилјак“ од медиумите затоа што ги проучува лилјаците, тврди дека појавата на смртоносниот коронавирус е „само врв на ледениот брег“ во однос на она со кое луѓето наскоро ќе се соочат.