ОПАСНОСТ ОД ЗМИИ ВО РЕГИОНОТ: Најдени во канцеларија, на детско игралиште
Објавено во: Балкан 19 Април, 2018
Иако за месец април не е карактеристична појавата на поголем број змии сепак работниците од ЗОО Хигиена Лесковец веќе имале неколку интервенции и ваделе смокови од под хауба на автомобил, канцеларија и откриле цело гнездо.
Во неделата околу пладне се кренала паника кога во градскиот парк дете забележало змија до детското игралиште, пишува Југмедија.
- Еден маж затекнал смок под хаубата на својот автомобил, а змија влегла и во канцеларија на еден извршител, во Пресочени најдовме и легло на змии под камен и извлековме околу единаесетина рекол директорот на Комуналец, Владимир.
Тој ги советува сите , доколку дојде до средба со змија да не се паничи, туку веднаш да се реагира и да се повикаат надлежните служби за да го решат случајот.
Исто така важно е да знаете дека змијата која ќе ја здогледаат никако не смеат да ја убијат, зошто за тоа следи казна и до 30.000 динари.