25 Април, 2024
0.0329

Онлајн-промоција на книгата „Што ако...?“ која ги мотивира децата да поставуваат прашања, наместо да даваат само одговори

Објавено во: Мои пари 08 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Да бидеш љубопитен и да поставуваш прашања и многу поважно отколку да мислиш дека ги знаеш сите одговори и да се спротивставуваш на туѓите мислења. Токму тоа е фокусот на книгата „Што ако...?“ која ќе биде промовирана онлајн во петок (9 април) во 19 часот на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Модератор ќе биде уредникот Филип Видиновски, кој ќе разговора со Мет Мури, кој заедно со Ендрју Р. Мекхју, е автор на оваа книга. Воедно, свое мислење за книгата ќе даде и м-р Киро Јорданов, кој е наставник во основното училиште „Славејко Арсов“ и досега има работено со неговите ученици, користејќи го ова издание.



 
Поднасловот на книгата е „Прашања и активности за љубопитни умови“, тргнувајќи од ставот дека сите значајни активности почнуваат токму со прашања: „Што ако можевме да патуваме низ времето или да одиме во вселената?“, „Што ако јадевме бубачки или ако броколи имаат ист вкус како чоколадо?“ или „Што ако можете да го промените светот кога ќе пораснете?“
 
Мет Мури се залага за свет во кој љубопитноста се третира како природно богатство. Во текот на повеќе од една декада има држено предавања во пет држави и на три континенти. Служел како волонтер во Мировниот корпус и има напишано шест книги заедно со неговиот татко Стив Мури. Денес е социјален претприемач и едукатор. Ендрју Р. Мекхју ги разложува сложените работи во парчиња и во моментов е на докторски студии на универзитетот „Карнеги Мелон“, каде што ја студира интеракцијата помеѓу човек-компјутер. Има искуство во дизајн, филозофија, технологија и луѓе, математика и физика.
 
„Што ако...?“ е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најде во сите книжарници на „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на www.literatura.mk.


ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет