ОМИКРОН ПОТВРДЕН КАЈ 13 ПАТНИЦИ КОИ СТАСАА ВО ХОЛАНДИЈА: И другите позитивни се во карантин
Објавено во: Свет 28 Ноември, 2021
Новата варијанта на коронавирус Омикрон е откриена кај 13 лица кои пристигнале во холандскиот главен град Амстердам со двата лета од Јужна Африка. Претходно јавивме дека на ови елетови од вкупно 600 патници кај 61 имаше потврдено присуство на коронавирус.
Овие летови се од петокот, а на аеродромот Шипхол во Амстердам настана вистински хаос откако беа задржани.
Истиот ден, веста за нов сој на корона одекна како бомба, а патници од Јужна Африка не се дозволени во многу земји, поради страв дека е можно да се заразени со омикрон сојот.
Патниците кои биле позитивни на Ковид-19 се ставени во карантин во хотел во близина на аеродромот во Амстердам. Оние кои биле негативни на тестот им беше побарано да се изолираат дома пет дена и да направат дополнителни тестови, додека на оние што беа во транзит им беше дозволено да го продолжат своето патување. По објавувањето на 13-те случаи во неделата, холандскиот министер за здравство предупреди дека може да има дополнителни случаи на новата варијанта во земјата. Инаку, Холанската влада донесе одлука од денеска да воведе дополнителни ограничувања, вклучувајќи и ноќно затворање на кафулињата, рестораните и повеќето продавници, за да го запре рекордниот раст на случаите на Ковид-19.