24 Април, 2024
0.0333

ОМИКРОН Е НЕМИЛОСРДЕН, ДОВОЛНО Е ЛУЃЕТО САМО ЗДРАВО ДА СИ КАЖАТ: Најмладиот пациент има 22 години-пулмологот Буклиоска Илиевска за Фактор

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Со наглото зголемување на бројот на позитивните случаи на корона вирусот повторно почнаа да се полнат болничките капацитети. Во сите ковид центри во Македонија во моментов се хоспитализирани безмалку 600 луѓе поради компликации од ковид-19, бројка која е далеку помала од периодот лани, но епидемиолозите и инфектолозите предупредуваат дека од толкав број заразени и најмал процент да треба да бидат хоспитализирани, повторно ќе ги преполнат болниците.

Здравствените власти уверуваат дека се уште има места, односно дека се слободни 180 болнички кревети, иако бројката на хоспитализирани е дури за 25 отсто зголемена во однос на минатата недела. За состојбата во еден од најголемите ковид-центри во земјава, ГОБ „8 Септември“, за клиничката слика на пациентите кои сега се хоспитализирани, како и за неверојатниот наплив на пациенти во амбулантите во оваа здравствена установа, Фактор разговара со д-р Даниела Буклиоска Илиевска, пулмолог, кој цели две години заедно со своите колеги се бори за животите на секој од пациентите кој ќе влезе таму.

-Во моментов во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани околу 80 пациенти. Евидентно е дека деновиве има зголемен број на приеми, особено што амбулантите се преполни. Само во прва смена има меѓу 120 до 130 пациенти. Но, во ГОБ „8 Септември“ речиси 95 отсто од хоспитализираните пациенти се трансфери од други болници и станува збор за пациенти со исклучително тешка клиничка слика. Најмладиот пациент кој се лекува кај нас е 22-годишно момче од Прилеп, има дијабет тип 1, односно на инсулинска терапија е од дете. Ова негово хронично заболување не е регулирано како што треба, заради што настануваат и компликациите по заразувањето со ковид-19. Не е респираторно загрозен, но неговата форма на болеста е навистина многу тешка. Има трансфери и од другите градови во македонија и најчеста причина за да ги префрлат тука е пад на сатурацијата кај пациентите. Освен тоа, едни од најтешките пациенти кои се донесени тука и тоа интубирани, односно се на респиратор, се префрлени од приватните болници, посочува д-р Буклиоска Илиевска.


Вели дека хоспитализираните пациенти се сместени на трите ковид одделенија, односно на интензивната нега, на инфективното одделение и на ОРЛ одделението. Најголемиот дел од нив се со пневмонии.

-Сите невакцинирани пациенти се со навистина тешка клиничка слика со висока побарувачка на кислород. Четворица пациенти се на сипап апарати, додека тројца, како што кажав, кои се префрлени од приватните болници кај нас, се на респиратор. Од друга страна, пак денеска испишавме помлад пациент кој беше на сипап апарат, и тоа е навистина убава вест која сите не радува, а секојдневно се бориме за сите сместени пациенти во нашата установа. Пациентите кои се вакцинирани, а сепак нивната здравствена состојба бара болничко лекување се повозрасни пациенти кои имаат многу други коморбидни состојби, но нивната клиничка слика е подобра од оние кои не се вакцинирани. Иако голем дел од студиите за омикронот покажуваат дека главно се задржува на горнореспираторниот тракт, компликации може лесно да настанат доколку луѓето не се вакцинирани и доколку претходно не ја прележале болеста, појаснува д-р Буклиоска Илиевска.

Сепак таа посочува дека и покрај тоа што во моментов се лекуваат околу 80 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ секогаш се чуваат еден до два болнички кревети за исклучително тешки пациенти со компликации кои ги направил вирусот. 

Инаку, во Македонија во моментов има речиси 21.000 активни случаи на корона вирусот, но уште повеќе загрижува фактот што бројката на починати лица поради ковид-компликации секојдневно е многу висока.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат