28 Март, 2024
0.0277

Оливер Вархељи, наследникот на Јоханес Хан, денеска за прв пат во Македонија

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Оливер Вархељи, новиот Еврокомесар за проширување и наследник на Јоханес Хан, денеска за прв пат откако е избран е во работна посета на нашата земја. Унгарецот во Владата на Република Северна Македонија ќе биде пречекан од премиерот Оливер Спасовски на платото пред владината зграда, а по кратката средба ќе одржат заедничка прес-конференција.

Тој ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој исто така ќе има состанок и со претседателот на СДСМ, Зоран Заев како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Посетата на Комесарот Вархељи во регионот ќе продолжи во Албанија следниот ден.

Централна тема треба да биде очекуваниот датум за преговори со ЕУ и предложената методологија на Франција за која се дебатира во моментов во Брисел. Еврокомесарот ќе се информира и за текот на реформите во земјава, особено донесувањето на законот за јавно обвинителство. Европската комисија ќе објави мини-извештај за Македонија и Албанија во февруари, а новата методологија, според најавите, се очекува да биде усвоена во март.

На 18 декември минатата година вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се сретна со Вархеји во Брисел, при што му го претстави реформскиот план на Владата до самитот на Европскиот совет во март.

Ставот на Вархељи е дека пристапните преговори со Македонија и Албанија треба да почнат на пролет и дека ЕУ треба да ја исправи грешката од октомври. Европската комисија треба да излезе со предлог за новата методологија до крајот на јануари.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија