25 Април, 2024
0.0287

Оливер Вархели го реши тестот со Груевски и стана еврокомесар за проширување

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Комисијата на ЕУ е скоро комплетирана откако  Оливер Вархели од унгарската Фидес на Виктор Орбан доби зелено светло како нов комесар за проширување на местото на Оливер Хан. Оливер Верхели не ги убеди мандаторите на ЕУ на неговото сослушување минатата недела, но сега го доби двотретинското мнозинство на своја страна откако „го положи тестот“ на кој имаше пет дополнителни прашања, меѓу кои како прво беше да одговори дали има поврзаност со азилот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

Одговорите на Верхели на дополнителните писмени прашања на Европскиот парламент беа очигледно доволни. Во понеделникот попладне, претставниците на политичките групи во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ги оценија одговорите - и му дадоа зелено светло на претставникот на Унгарија. 

Во суштина, сите прашања беа поврзани со тоа дали ќе работи под влијание и во интерес на унгарскиот премиер Виктор Орбан или ќе ја застапува ЕУ. по свое убедување.

Урсула фон дер Лејен како претседател на Комисијата ќе чека до нејзиното комплетирање на 1 декември, а сега и недостасува само уште еден комесар номиниран од Велика Британија. Лондон е должен да номинира кандидат поради одложувањето на Брегзит до 31 јануари, но одбива да го стори тоа пред парламентарните избори на 12 декември. До 22 ноември, британската влада има време да ги претстави своите ставови.

Во писмените прашања Верхели бил прашан за неговиот став и поврзаност со доделувањето на азил на Груевски во Унгарија, откако беше осуден минатата година во Македонија на двегодишна затворска казна во случајот „Тенк“. Непосредно пред апсењето, Груевски побегна во ноември 2018 година со помош на унгарски дипломати. На крајот на јуни, судот во Будимпешта го отфрли барањето на македонските власти за екстрадиција на Груевски.

Второто прашање беше за тоа како Верхели се залага за препораката на Европскиот парламент дека треба да се воведе специфичен режим на санкции за кршење на човековите права, што во моментов се разгледува во Советот.. Варели беше прашуван дали ќе поддржи граѓанското општество во соседните земји на ЕУ. и дали би ги суспендирал ресурсите за буџетска поддршка ако се кршат човековите права, вклучително и оние на мигрантите, бегалците и верските малцинства. Едно од прашањата беше и како ја замислува претпристапната помош за земјите од Западен Балкан и за Турција.


Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг