20 Април, 2024
0.0286

Оливер Спасовски: Уставниот суд да остане на висината на задачата

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Оливер Спасовски, актуелниот министер за внатрешни работи, од денешната граѓанска трибина во Неготино го повика Уставниот суд да не ја поништува одлуката на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов за повлекување на амнестиите по формирањето на Специјалното јавно обвинителство.

Петмина уставни судии на последната седница ги надгласале четворицата свои колеги и успеале да ја стават на дневен ред за расправа иницијативата за преиспитување на членот 11-а од Законот за помилување, кој вели дека претседателот може да ја отповика дадената амнестија. Со иницијативата се тврди спротивното, дека не може да ја отповика еднаш дадената амнестија, според која, ако помине, се активираат дадените амнестии на над 50 осомничени и обвинети главно поранешни функционери од претходната власт.

- Сакам да упатам порака и до претседателот на Уставниот суд. Заради тоа што Уставниот суд треба да биде стожер на заштитата на уставноста и на законитоста, да остане на висината на задачата којашто ја има дадена од страна на граѓаните. Да остане стожер на уставноста и да не дозволи никаков притисок за ништо. Најголемата слава ја даваат граѓаните а тоа значи да обезбедиме правда и сигурност, рече Спасовски од Неготино.

Сепак, повиканиот претседател на Уставниот суд Сали Мурати не беше на страната на мнозинство од пет судии за оживување на амнестиите на Иванов со своја иницијатива во контекст на тоа дека поранешниот шеф на државата направил упад во судството.

„Затоа ние од СДСМ и коалицијата поднесовме до Собранието барање за автентично толкување на член од Законот со коешто ќе обезбедиме да нема амнестија, никој да не може да биде амнестиран. Од тука, од Неготино, ги повикувам сите пратеници од македонското Собрание, без разлика на која политичка опција или партија припаѓаат, посебно оние кои сметаат дека се чесни од ВМРО-ДПМНЕ, да ги поддржат колегите од СДСМ и да покажат дека се борат за правда и правичност. Дека ќе ги напуштат Груевски, Мицкоски, Јанкуловска, Мијалов и криминалите“, додаде Спасовски.


Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд