24 Април, 2024
0.0370

ОЛЕСНУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ - фирмите и со намален број вработени ќе можат да земат државна помош

Објавено во: Финансии 29 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Олеснувања за фирмите кои ќе ги користат владините мерки. За нив ќе имаат олабавени критериуми за користење на државнта помош во поглед на намалување на бројот на работниците, а оние од најпогодените сектори ќе моѓат да користат и 14.500 денари помош и субвенции на плати, или максимум државни пари од 19.500 денари.

Ова денеска го соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска. 

„Се наближува почетокот на мај кога работодавачите ќе можат да аплицираат за мерката 14.500 денари. Со нив ќе се помогне да се зачуваат работните места, да се подобри ликвидноста на фирмите и да се внесе финансиска инјекција од 100 милиони евра во економијата“, рече првата финансиерка. 

Оваа мерка се однесува на сите дејности погодени од кризата, а се очекува со оваа мерка да бидат заштитени од 200 до 250 илјади работни места. 

Ангеловска ги соопшти новините во мерката, кои се за олеснување на дел од критериумите и зголемување на опфатот на фирмите. На ова се работело со тимот на Светска банка, како и на МФ и на УЈП, а биле слушани и сите предлози од коморите и од сопствениците на микро и малите фирми.

Оваа мерка ќе биде кофинансирана со заем од Светска банка во износ од околу 50 милиони евра. 

Клучни три промени во мерката се: Прво е дозволување на флексибилност за намалување на бројот на вработени. Бизнисмените прашувале што ако работникот сам напушти или ако се работи за работник на кој му истекува договорот, сезонски работници и сл. Со ова се олабавуваат условите за задржување на бројот на вработени. Првично во мерката беше укажано дека работодавачот треба да го задржи истиот број вработени два месеци по користењето на мерката, односно заклучно со јули. Со промената се дозволува намалување на бројот на вработени до 15 отсто кај микро и малите, до 10 отсто кај средните и до 5 отсто кај големите компании. Со ова пак ќе се спречат отпуштања, но ќе се зголеми опфатот на фирми. 

Втората промена била поттиката и од СБ. Таа е насочена да овозможи поголема финансиска поддршка за најпогодените три сектори, туризам, угостителство и транспорт. Овие дејности се со нула приходи, па критиките беа дека тие не се со 30 или 40 отсто пад на приходите, туку им  се нула. Затоа со оваа промена им  се излегува во пресрет и им се дозволува на овие компании кои се здрави, да аплицираат и за мерката 50 проценти субвенционирање на придонесите, која беше објавена во првиот пакет мерки. Тоа значи дека ако компанијата има шифра на дејност во еден од овие три години и ако е здрава компанија, под што се подразбира да остварила добивка во последните две години, не е на листата на должници кон УЈП и ако нема достасани, а неплатени обврски по кредити над 90 дена на 29 февруари. Ако компанијата ги исполнува овие услови, таа може да ја комбинира оваа мерка 14.500 денари заедно со мерката за субвенционирање на 50 отсто од придонесите. Со ова, покрај тие 14.500, фирмите можат да користа и дополнителни до максимум 5.000 денари од другата мерка, која предвидува покривање на придонесите до просечна плата објавена за 2019 година. Значи, вкупната финансиска поддршка за овие фирми ќе може да изнесува до 19.500 денари.

Третата промена е за враќање на средствата. Порано беше предвидено дека компаниите кои оствариле загуба нема да ги вратат парите, тоа сега останува пак таква, со тоа што се воведуваат додтани критериуми за тоа кои фирми можат да не ги вратат парите, осносно да ги трансферираат во грант. Или, ако фирмата остварил агуба, односно не остварила добивка во 2020 година, таа може да не ги врати парите, под услов да ги има платено своите даваќки кон УЈП. Натаму, во Уредбата беше дека фирмите со добивка ќе вратат лимитиран износ најмногу до 50 отсто од остварената добивка. Или ако компанија искористила поддршка од 5.000 евра и ако во 2020 остварила добивка од 7.000 евра, таа ќе врати 3.500 евра. Сега има дополнително олабавување, па сите здрави компании кои имале добивки 2019 и 2020 година и кои не се на листата на должници и немаат кредити неплатени над 90 дена, ќе можат да аплицираат за трансформирање на финансиската поддршка во грант, под услов износот кој го добиле да го инвестираат во вработените, во оперативно подобрување на процесите, опрема, продуктивен капитал и слично.

За овие придобивки ќе се аплицира во 2021 година, со поднесување на даночниот биланс, соопшти Ангеловска.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА