20 Април, 2024
0.0263

ОКТА и УКИМ потпишаа меморандум за стипендирање студенти

Објавено во: Мои пари 23 Август, 2019

Добивај вести на Viber

ОКТА трета година по ред ќе додели целосни стипендии за постдипломски студии на десет студенти од УКИМ. Стипендирањето ќе се спроведе согласно Меморандумот за соработка кој денеска го потпишаа компанијата и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Целта на оваа активност на ОКТА е да ги поттикне успешните и амбициозни студенти да го надградат своето знаење во меѓународно просперитетни области.

„Среќни сме што оваа активност прерасна во традиција, имајќи предвид дека ОКТА за период од три години поддржа вкупно 30 студенти на УКИМ. Со оглед на големиот број настани што се случуваат секојдневно, се надеваме дека доделувањето 10 стипендии иако не е голема вест, сепак претставува чекор кон значајни достигнувања. Веруваме дека ако успееме да им помогнеме на 10 млади луѓе и доколку успееме да го направиме нивниот живот малку полесен и попредизвикувачки, тогаш потпишувањето на Меморандумот со УКИМ денеска има уште поголемо значење за нас. За ОКТА, ова е добра вест. И во иднина како компанија остануваме посветени пријатели на младите талентирани и амбициозни луѓе во државата“, изјави Јанис Геруланос, Главен извршен директор на ОКТА.


Стипендиите се наменети за студенти на пет факултети од УКИМ. Компанијата ќе додели по две стипендии на студентите кои ќе се запишат на Економскиот факултет, ПМФ – Институт за хемија, Машинскиот факултет, ФЕИТ и на Технолошко-металуршкиот факултет. Според условите и критериумите дефинирани во овој меморандум, право на добивање стипендија имаат кандидатите кои ќе се пријават за втор циклус едногодишни студии, за учебната 2019/2020 година, во првиот уписен рок, на веќе отворениот конкурс на УКИМ.

„Соработка со светот на бизнисот на локално, регионално, национално и меѓународно ниво, потребите на релацијата универзитет - општество, а посебно поврзаноста со стопанските фактори е една од стратегиските цели на нашиот универзитетот, но истовремено и предизвик со кој се сретнуваме не само на националниот, туку и на заедничкиот европски пазар на образованието, трудот и иновациите“, рече проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на УКИМ.

Со потпишувањето на меморандумот се продолжува повеќегодишната соработка меѓу Универзитетот и ОКТА, која се одвива преку реализирање на редовната програма за практиканти, како и поддршката на компанијата на различните активности поврзани со унапредување на наставно - образовните процеси на најстариот универзитет во државата.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга