22 Јануари, 2025
0.0261

ОКТА донираше фотоволтаична централа на градинка во Гевгелија

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Вложувања во обновлива енергија, останува да биде еден од главните приоритети на стратегијата за општествена одговорност на ОКТА. Денес беше пуштена во употреба новата фотоволтаична централа во Гевгелија, која е поставена на кровот на градинката „Детска радост“. Ова е петта донација на ОКТА во фотоволтаични системи кои се поставени на училишта и градинки во повеќе градовиниз земјава во изминативе две години.

Инсталираната моќност на фотоволтаичната централа во Гевгелија изнесува 31.05 kW, асе предвидува годишното производство на обновлива енергија да изнесува и до 39 MWh. Новата централа ќе овозможи значаен дел од потребите за електрична енергија на градинката да се обезбедат од обновливи извори, придонесувајќи за намалување на CO₂емисиите за приближно 18.4 тони годишно.

„Одржлива иднина за идните поколенија е наша заедничка цел, а најголем придонес кон нејзиното остварување се инвестициите во зелена енергија.Веруваме дека со оваа донација оставаме позитивен пример за целата заедницата, бидејќи придобивките се повеќекратни. Покрај постигнувањето на значителни заштеди на трошоците за електрична енергија на градинката, овој проект истовремено ќе овозможи запознавање на децата од најрана возраст со принципите на одржливост и одговорност за животната средина. Нашата компанија останува посветена кон имплементација на проекти кои ќе придонесат кон забрзување на енергетската транзиција на земјата“, истакна Димитриос Пасхос, главен извршен директор на ОКТА. 

Градинката во Гевгелија ја посетуваат околу 260 деца од предучилишна возраст. Гевгелија е град со многу сончеви денови, а преку оваа донација општината ќе ги намали трошоците за енергија и ќе може да ги зајакне инвестициите во други витални области кои ќе придонесат за подигнување на квалитетот на животот.

„Сведоци сме дека енергијата во изминатите неколку години станува сѐ поскапа, а тоа го отежнува развојот на локално ниво, бидејќи голем дел од општинскиот буџет се троши за оваа намена. Изнаоѓањето на долгорочно решение како што е поголемата употреба на обновливата енергија е од витално значење. Имено, тоа ќе ни овозможи чиста животна средина и развој на други проекти кои ќе обезбедат поголема одржливост, за што од клучно значење е  соработката помеѓу приватниот и јавниот сектор“, истакна Андон Сарамандов, градоначалник на општината Гевгелија.

Од најавените донации за оваа година во делот на обновливи извори на енергија, останува да се реализира проектот на фотонапонска централа во спортскиот центар Марко Божиновски во општината Аеродром, во Скопје.

Почнувајќи од 2018 година, ОКТА континуирано инвестира на пазарот на зелена енергија, диверзифицирајќи го деловното портфолио, со фокус на обновлива енергија, во соработка со своите деловни партнери. Досега компанијата има инсталирано пет фотоволтаични кровни системи на објекти на своите деловни партнери со вкупен капацитет од 611 kW. Покрај овие проекти, ОКТА е во завршна фаза на реализација на инвестицијата во сопствена фотонапонска централа со капацитет од 12 MW, со што значително ќе го зголеми обемот на зелена енергија во своето портфолио. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!