24 Април, 2024
0.0270

Грантови за иновации: 40.000 евра назад во економијата

Објавено во: Економија 15 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Околу 40.000 евра - толку пари од фирмите кои добиле грантови од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) вратиле назад во домашната економија, изјави денеска Јован Деспотовски, директор на ФИТР. Тоа е мал процент од парите кои им се доделени досега на домашните компании, но, Деспотовски тврди дека е добро што има ефект од вложените средства. Фактор веќе објави дека ФИТР прави анализа за тоа кој е ефектот од инвестициите во компаниите за иновации и технолошки развој. Според првичните резултати покажале дека само по основ на зголемена уплата на придонеси, персонален и данок на добивка, овие компании веќе ги враќаат средствата во буџетот. Директорот Деспотовски беше во Стопанската комора за да ги презентира пред компаниите кофинансираните грантови за комерцијализација на иновации. 

„Со вкупен буџет од 5 милиони евра ќе се финансираат мали и средни фирми на овој повик за кофинансирање на грантови за комерцијализација на иновации. Од овој фонд 2 милиони евра се средства обезбедени од Светска банка, а 3 милиони евра од Владата на Република Северна Македонија. Сите фирми можат слободно да аплицираат на овој повик “ истакна Деспотовски.

Исто така, според него за лојална конкуренција, големите фирми со своите иновативни стратегии ќе можат да аплицираат за кофинансирани грантови преку посебна програма.

На денешната прес конференција во Стопанската комора на Македонија, Деспотовски изјави дека поради зголемениот интерес на фирмите за поддршка од Фондот, институцијата ќе се стреми кон зголемување на средстава за финансирање на претпријатијата.

На презентацијата имаше голем број претставници од малите и средните претпријатија од земјава.

Инаку според анализата чии резултати допрва ќе се објават, а до дел стаса Фактор, на пример, просечно годишно зголемување на приходите од работењето на фирмите е зголемен за речиси 50 проценти, исто така е регистриран зголемен број на вработени, и тоа за 27 отсто, а забележителен е тренд на пораст кај просечните плати и тоа за околу 40 проценти во просек.
Н.М. 

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?