Охриѓанец организирал веселба дома во време на пандемија
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2021
Охриѓанец се веселел дома со 20 гости во време на пандемија.
Полицијата поднесе кривична пријава против четириесет и седумгодишен охриѓанец кој на 21 ноември е затекнат дома со 20 гости. Полицајците констатирале дека организирал семејна веселба и постапил спротивно на одлуката и препораката за заштита на здравјето на населението од вирусот ковид-19. Кривичната пријава е за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Ова не е прв ваков случај. Полицијата во повеќе наврати растури свадби во гостиварско.