Охриѓанец дал 4.500 евра на измамници кои го лажеле дека ќе добие наследство од Франција
Објавено во: Македонија 20 Април, 2021
Охриѓанец на возраст од 53 години е измамен преку Фејсбук, така што уплатил 4.500 евра за да добие наследство од Франција.
Тој пријавил дека на 1 март добил порака на Фејсбук со која го известиле дека е добитник на наследство, но побарале од него да стапи во контакт со адвокат од Франција. Притоа добил информација дека како примател на наследството најпрвин треба да уплати пари за потоа на неговата трансакциска сметка да биде префрлено фиктивното наследство. Охриѓанецот во неколку наврати лично уплатил вкупно 3.730 евра, како и 800 евра кои ги уплатил негов пријател. Откако не го добил наследството, сфатил дека е измамен и случајот го пријавил во полиција.